КОНКУРСИ ЗА ПРОЕКТОТ/CONTESTS FOR THE PROJECT



Конкурси за Ацес проектот:
 Мојата проказна, Твојата приказна- Потрага по вистината

Ацес проектот во ОУ. „Св. Климент Охридски“ распиштува конкурс кој ќе трае од
1-17 Декември во 4 различни категории:

1. Есеј на поширока тема: Документарен филм/ови и нивното влијание врз гледачите. (потесната тема може да ја одберете вие во консултација со вашите одговорни наставници)

2. Видео на поширока тема: Ацес проектот во мојот живот (потесната тема може да ја одберете вие во консултација со вашите одговорни наставници)

3. Стрип на поширока тема: Мојата приказна, твојата приказна- Потрага по вистината (потесната тема може да ја одберете вие во консултација со вашите одговорни наставници)

4. Химна/ танц/ музика на тема: Мојата приказна, твојата приказна- Потрага по вистината (потесната тема може да ја одберете вие во консултација со вашите одговорни наставници)



Секоја од категориите ќе биде оценувана од стручно жири од наставници и претставници на Ацес советот кое ќе додели Прва, Втора и Трета награда на најдобрите трудови.

Услови за учество на конкурсот:
Право на учество за главните награди имаат сите ученици на Св. Климент Охридски од седмо деветгодишно, седмо осумгодишно и осмо одделение.
 


Секој ученик учествува со самостоен труд, односно доколку има повеќе ученици со групна изработка, трудот не може да учествува за главните награди, туку во зависност од квалитетот може да добие некоја од специјалните награди на проектот.

Се покануваат и останатите (Помали или поголеми/ завршени ученици) да земат учество доколку се заинтригирани од темите и да бидат дополнително наградени со специјалните награди кои Ацес проектот ќе ги подготви за нив.
Ацес проектот ќе додели:
Четири први награди- Патување во Бугарија и презентација на наградените трудови пред партнерите за врема на посетата во Смолјан
Четири втори награди- Рекреативно гледање на 3Д филм по избор и во зависност од репертоарот на кината
Четири трети награди- Посета на Музејот на Холокаустот и гледање на документарен филм за трагедијата на Евреите во Македонија.
Сите успешни трудови ќе бидат наградени со дипломи и пофалници од Ацес проектот во Св. Климент Охридски.
Ви посакуваме успешна, плодна и креативна работа во периодот кој ни претстои.
Одговорни наставници на проектот Н.С., В.Т., Г.А.

No comments:

Post a Comment